top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Одлични настапи на Сеишин и Миоки ЏУДО – МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ГРЦИЈА

06.11.2024 Noemvri Sreda

ЏУДО – МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ГРЦИЈА

Македонските џудо-клубови Сеишин од Прилеп и Миоки од Скопје имаа одличен настап на меѓународниот турнир викендов во Верија (Грција), освојувајќи вкупно 21 медал.Сеишин настапи со вкупно 26 натпреварувачи, при што освои 18 медали (три златни, седум сребрени и осум бронзени). Со злато се закитија Теодора Илиоска, Бисера Јовеска и Елдина Пупаловиќ, сребро освоија Тамара Илиоска, Дила Пупаловиќ, Бисера Цветкоска, Андреа Митреска, Хари Фазлиќ, Јаков Цветкоски и Габриел Илиоски, а бронза Јована Цветкоска, Благојче Мантароски, Петар Ангелески, Сара Аџиоска, Марија Марковска, Владан Стрезовски, Иван Јошески и Матеј Јованоски.– Другите натпреварувачи прикажаа одлични борби, но не успеаја да изборат место на пиедесталот, но за сите нив ова беше едно искуство плус на ваков меѓународен турнир во силна конкуренција со мноштво натпреварувачи во сите возрасни и тежински категории. Клубот продолжува со активни подготовки за следните меѓународни турнири – информираат од ЏК Сеишин.Миоки, предводен од тренерот Игор Паскоски, од Грција се врати со три освоени медали, од кои по едно злато, сребро и бронза. Со злато се закити Ива Богдановска, со сребро Хамида Друштинац, а со бронза Емилија Паскоска.– Задоволни сме од настапот на турнирот. Покрај освоените медали, добри борби прикажаа и Петар Давчев, Ерик Крстев и Виктор Трчков – велат од клубот Миоки. Г.И.


0 views

Comments


bottom of page