Search
Одлична партија за крај на годината: Ѓорѓев со два гола го спаси Арау од пораз (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- Nov 29, 2022
- 1 min read
Македонскиот интернационалец, Никола Ѓорѓев со одлична партија ја заокружи оваа календарска година во дресот на Арау.
Офанзивецот беа автор на двата гола за неговата екипа во пресметката со Лозана, односно со неговите погодоци во второто полувреме (55 и 90) му овозможи на Арау да остане непоразен на ова гостување (2-2).
Со ова Никола дојде до бројката од 4 гола и 3 асистенции во втората швајцарска лига.
Сега следи зимска пауза, наредниот првенствен меч е закажан за 28 јануари против Тун.

Comments