top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Одигра само 57 минути цела сезона, но најмногу се израдува на слободниот ден кој го даде Анчелоти (В

Карло Анчелоти беше доста резервиран и дискретен и без премногу емоции го напушти теренот на „Камп Ноу“, однесување поради кое доби прашање зошто не ја прославил победата над Барселона исто како неговите фудбалери.

Искусниот Италијанец даде своја причина и нагласи дека Реал ќе мора да ја доврши работата во финалето против Осасуна, но исто така, откри дека бил далеку поемотивен во соблекувалната.

Неколку часа подоцна, Реал го сподели видеото со кое се откри говорот кој го имал Италијанецот пред своите фудбалери, кое стана посебно вирално и поради реакцијата на играчот кој има најмала минутажа оваа сезона.

Иако сите играчи во соблекувалната се израдуваа на слободниот ден кој го даде Анчелоти по огромната победа од 0:4 над Барселона, се чини дека најзадоволен беше Маријано Дијаз.

Напаѓачот одигра само 57 минути цела сезона и речиси да нема никаква работа за време на натпреварите, па токму поради тоа фановите на Реал најмногу се смеат на неговото скокање до таванот.


1 view

Comments


bottom of page