Search
Одбрано друштво: Шек му посака добредојде на Јокиќ меѓу најдобрите центри на сите времиња
- Aleksandar Santovski
- Jun 20, 2023
- 1 min read
Никола Јокиќ имаше фантастична сезона во дресот на Денвер Нагетс особено во плејофот каде како вистински лидер го предводеше својот тим до историја, прва титула во НБА лигата.
Србинот „грмеше“ низ сите сериите во разигрувањето за пехарот и со тоа стекна многу повеќе фанови, луѓе кои сега ја признаваат неговата работа, труд кој го вложуваше низ изминативе сезони.
Легендарниот Шекил О’Нил секогаш бил некој кој ислучително го ценел и почитувал Јокиќ, а по освоениот пехар го смести во друштвото на најдобрите центри на сите времиња.
Шек му посака добредојде на Никола во групата во која покрај него се уште Карим Абдул Џабар, Хаким Олајџувон, Вилт Чембрлејн, Бил Расел, Дејвид Робинсон и Патрик Јуинг.


Comments