top of page

Одбојкарките ја забележаа првата победа на Медитеранските игри

Aug 28
1 min read

27.08.2026 Avgust Cetvrtok

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Медитеранските игри што се одржуваат во Таранто.

Во рамките на четвртото коло од групната фаза нашите одбојкарки беа подобри од селецијата на Алжир со 3-1 во сетови. Тргнавме фуриозно во мечот и првиот сет го добивме со 25:10, но веќе во наредната рунда добивме силен отпор од Алжирките кои преку драма со 27:25 израмнија на 1-1 во сетови.

Од тука почнавме подобро да играме и со 25:14, 25:20 дојдовме до заслужен триумф. Милевска со 21 поен беше најефикасна во нашите редови следена од Атанасова со 15 и Стојкоска 14 поени.

Само за посетување на трунирот загубивме од Турција, Грција и Косово.


 
 
 

Comments


bottom of page