top of page
Search

ОДБОЈКА – 22. БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТКИ Македонија го освои петтото место

25.06.2024 Juni Vtornik

Македонската женска кадетска репрезентација за одбојкарки до 18 години го освои петтото место на 22. Балканско првенство (БП) во Тирана (Албанија). Во дуелот за петтата позиција, Македонките во драматичен и неизвесен меч ја совладаа Црна Гора со 3-2 во сетови (23-25, 25-20, 22-25, 25-17, 18-16). Најдобра во македонските редови беше Ивана Милева со 22 поена, Матеја Петровска впиша 17, Стефанија Кипријановска девет…

Македонките го завршија Балканското првенство со две победи и три порази. Во првото коло од групата А беше совладана домашната селекција со 3-1 (25-23, 25-20, 24-26, 25-16), а во второто коло Македонија загуби од Бугарија со 0-3 (14-25, 14-25, 11-25).

Во групата Б играа селекциите на Србија, Црна Гора, Турција и на Молдавија, а најуспешна беше Турција со максимални три победи. Во полуфиналето Бугарија ја совлада Србија со 3-0, а Турција беше поуспешна од Романија со истиот резултат. Во финалето Турција славеше на дуелот со Бугарија со 3-0 (27-25, 25-15, 25-14), а во мечот за бронзата Србија беше подобра од Романија со 3-1 (25-20, 10-25, 30-28, 25-11).

Поединечни награди: најкорисна одбојкарка (МВП) е Ајлин Ујсалџан (Турција), коректорка Ајлин Ујсалџан (Турција), блокерка Магдалена Обуќина (Србија), техничарка: Димана Иванова (Бугарија), смечерка Џејлин Кујан (Турција), либеро Викторија Нинова (Бугарија), ферплеј Сара Стафа (Албанија). Г.И.


0 views

Comments


bottom of page