Одбележување на 250 години од раѓањето на Кирил Пејчиновиќ-Тетоец
30.06.2021 Juni Sreda
На 1 јули ќе се одбележат 250 години од раѓањето на просветителот, народниот учител и игумен Лешочки, Кирил Пејчиновиќ-Тетоец. Настанот го организира Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи, а ќе се одржи пред платото од новата управна зграда на Музејот на тетовскиот крај, објектот познат како поранешен Дом на Армијата во Тетово, со почеток во 20:30 часот.
„Неговите лик и дело остануваат особено трајно врежани во меморијата на македонскиот народ од тетовскиот крај, од каде што потекнува и овој голем народен деец. Искажувајќи почит и благодарност кон големите личности од нашето славно минато, како народ го оправдуваме и заслужуваме појавувањето во иднина и на нови такви поединци кои оставаат трајни вредности. Пригодната програма ќе допре до секој присутен, ќе имаме можност да се потсетиме на колосалното дело на просветителот и заедно да ја изразиме нашата почит“, посочи Даријан Сотировски, директор на Комисијата.
Во рамки на одбележувањето ќе се постави и изложба на избор портрети, дела на академскиот сликар Павле Кузмановски, која ќе биде отворена непосредно по свечената програма.
Comments