top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Од ѕид до платно“ – изложба на Давчевски во МКЦ

Updated: Jul 13, 2021

12.07.2021 Juli Ponedelnik

„Од ѕид до платно“ е насловот на првата самостојна изложба на Дејан Давчевски која е поместена во Младинскиот културен центар.

„Изложбата на Давчевски ги одразува промените со кои ги минавме овие изминати две години. Неговите дела се потпираат на геометриските форми, кршејќи ги или формирајќи ги во нивните првобитни состојби, со што ја пронаоѓа и љубовта кон ваквото сликарство. Неговите апстрактни портрети се инспирирани од луѓето и нивните збунети погледи наоколу, сите со премногу немир и страв, во обид да прикаже чувства и емоции. Користењето на материјалите спреј и акрил е најчесто поради чистата плоха, која тие можат да ја создат. Најчесто позадината е чиста и едноставно претставена, бидејќи сака да ѝ даде внимание на самата композиција. Во делото „Движење“ користејќи ги линиите и поместувањето на истите, има намера да го наслика денешниот човек, брзиот живот и стресот како реалноста во која што сме. Фасцинацијата од големите ѕидни површини и можноста што ја нудат е главната причина за големите формати на платната, па така инспириран од графитите и нивните можности за слобода, ги користи за својот ракопис да го претстави на платно“, се посочува кон изложбата.

Уметноста на Дејан Давчевски (1996, Скопје) се врти околу графити-културата и урбаната уметност, често пати пресликувајќи мотиви од секојдневито. Најчести медиуми во неговото творештво се платното и ѕидот, па така наоѓа начин да ја искористи естетиката од графитот и да ја употребува на платно. Во однос на палетата на бои, се служи најчесто со основните бои за дa нѐ потсети од каде почнува сѐ.


2 views

Comments


bottom of page