top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Од утре започнува продажбата: Познати се цените на билетите за дуелот Македонија-Италија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација ја очекуваат два натпревари во месец септември во рамките на квалификациите за Европското првенство од кои едниот го играме дома против големата Италија.

Таа средба е закажана за 9 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје (20:45 часот), а за истата веќе од утре ќе можат да се набават билети и тоа по цена од 300 и 500 денари.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА

Северна трибина

Блок 13 и 19 300 денари

Блок 14, 18, 20 и 24 500 денари

Јужна трибина

Блок 1 и 6 300 денари

Блок 2, 3, 4 и 5 500 денари

Западна трибина

Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 300 денари

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 7, 8. и 9. септември од 10:00 до 18:00 часот.

Продажни места:

Скопје:

• ЛитератураМК – City Mall

• ЛитератураМК – East Gate

• ЛитератураМК – Веро Центар

• Литература – ТЦ Буњаковец

• Литература МК – ул. Македонија

• Југотон ГТЦ 1

• ЈК Травел – ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол – Илинденска

• Макпетрол – Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• Литерара МК

• Tobacco Brothers

Струмица:

• Литература МК

• ТА Сафари

Радовиш:

• ТА Халкидики

Втората средба за Македонија во овој „прозорец“ е против Малта на гостинсти терен на 12 септември од 20:45 часот.


3 views

Comments


bottom of page