Search
„Од Скопје до Неапол“ – концерт во НОБ со македонскиот тенор Нацоски
Во Националната опера и балет на 10 декември со почеток во 20 часот познатиот македонски тенор Благој Нацоски ќе одржи концерт насловен „Од Скопје до Неапол“, во соработка со Јанинка Невчева, пијано.
Гости на концертот ќе бидат Биљана Јосифов, сопран и Владимир Саздовски, бас.
На програмата ќе бидат изведени едни од најубавите оперски арии, дуети и неаполитански песни од: Моцарт, Белини, Доницети, Бизе, Верди, Чајковски, Маскањи, Халеви, Чилеа, Тости и други.
Настанот ќе се одржи согласно здравствените протоколи.
Comentários