top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Од Синатра, преку Деп, до Ѓоковиќ: Светски ѕвезди за кои Австралија немаше топол пречек

Новак Ѓоковиќ не е единствениот што на своја кожа ги почувствува строгите закони на Австралија. Слични доживувања имаа и други светски познати ѕвезди.

фото: Википедија

Џони Деп и Амбер Херд

Американската глумица Амбер Херд во Австралија стигнала во април 2015 година, со приватен авион, за да му се придружи на тогашниот сопруг Џони Деп, кој таму го снимал „Пиратите од Карибите“. Со неа пристигнале и нејзините миленици, кои заборавила да ги пријави на царина, што е голем прекршок во Австралија.

Тоа довело до неколкумесечни битки меѓу холивудските сопружници и службениците од граничната контрола. Случајот отишол до таму што се соочиле со закани дека кучињата ќе им бидат евтанизирани.

фото: Википедија

Еминем

Во 2001 година американскиот рапер Еминем беше на врвот на својата слава, меѓутоа не беа сите негови обожаватели. Кога организаторите ја планирале неговата турнеја низ светот, тогашниот премиер Џон Хауард побарал да му се забрани влез во земјата. А австралискиот политичар Питер Слипер рекол дека доаѓањето на Еминем ќе има лошо влијание врз младите. Поради тоа Еминем следните десет години избегнувал патување во Австралија.

фото: Википедија

Снуп Дог

Славниот рапер поради проблемите со законот имаше потешкотии да влезе во многу земји. Во 2007 година, кога пробал да оди во Австралија, каде што имал договорено серија концерти, тогашниот министер за имиграција Кевин Ендрјуз не му дозволил.

фото: Википедија

Френк Синатра

Неубаво искуство имал славниот американски пејач Френк Синатра за време на својата турнеја низ Австралија во 1974 година. Своевремено, Синатра изјавил дека најдобри места на светот за концерт се Лос Анџелес, Лондон и Сиднеј. Тој веќе бил пристигнат во Мелбурн, меѓутоа во весниците се појавиле насловни страници на кои тој е со многу жени и на кои имало навредливи наслови. Тоа го разбеснало пејачот по што дал остри изјави во весниците. Тоа резултирало со проблеми. Властите не му дозволиле да патува до Сиднеј со приватниот авион, па морал да патува со комерцијален лет, по што тој минал три дена заклучен во својата хотелска соба.

фото: Википедија

Џо Кокер

Легендарниот пејач Џо Кокер во Австралија имал горко искуство откако бил депортиран за време на неговата турнеја во 1972 година. Тој бил уапсен два пати, поради дрога и поради напад.

Кокер и членовите на бендот биле уапсени поради поседување марихуана за време на настапот, по што минале часови во затворска келија.

Британскиот музичар и после ова ја продолжил турнејата, но не ги штедел австралиските власти за кои зборувал лошо по весниците. По тоа на насловните страници било порачувано Кокер да ја напушти земјата. Министерот Џим Форбс му дал на Кокер само четири часа за да ја напушти земјата.







1 view

Comentarios


bottom of page