Од Милано во Рим: Екс играч на Интер пред преселба во Лацио
Тимот на Лацио ќе игра во Лигата на шампионите во наредната сезона, па дефинитивно е потребно да се засили, поточно тренерот Маурицио Сари да има поквалитетни опции на располагање затоа што е напорно да се игра на два фронта како што е Серија А и елитното натпреварувања.
Иако со лацијалите се поврзуваат повеќе имиња се чини најблиску до „Олимпико“ е довчерашниот член на Интер, Данило Д’Амброзио. Дефанзивецот по по девет години и 284 натпревари си замина од таборот на „нероаѕурите“ и како слободен агент може да ја избере новата средина.
Џанлука Ди Марѕио пренесува дека Лацио е многу блуску до неговите услуги, зделка која треба да се официјализира во наредните денови. 34-годишниот Данило може да покрие повеќе позиции во одбраната и тоа е голем плус за Сари и „бјанкочелестите“.
Comments