top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Од лошо – полошо: Куман остана без двајца незаменливи стартери по поразот од Баерн

15.09.2021 Septemvri Sreda

Роналд Куман се соочи со реалноста и го делеше ставот на Жерард Пике по поразот од Баерн Минхен во воведната рунда во Лигата на шампионите, но фудбалската лекција од 0:3 не е единствената лоша вест за холандскиот стручњак.

Куман порача дека ќе мора да помине извесно време за ситуацијата на теренот да изгледа поинаква со тимови како што е оној на Баерн Минхен, ставајќи посебен акцент на тоа што тој во својот ростер располага со огромен број на млади играчи, кои очекува да бидат далеку подобри за две или три години.

За негова несреќа, еден од нив заработил повреда на вчерашниот меч со Баерн, бидејќи Барселона ова попладне информираше дека Педри ќе мора да паузира 15-тина дена поради повреда на квадрицепсот.

Младиот офанзивец го заврши мечот докрај, но лекарските испитувања потврдиле дека има повреда на мускулот поради која сега ќе мора да паузира на наредните натпревари.

Ова е една од двете лоши вести денеска за Куман, од едноставна причина што мускулна повреда заработил уште еден незаменлив стартер, левиот бек Жорди Алба кој има и посериозна повреда од онаа на Педри и се очекува да одмора од три до четири седмици.

Алба се пожали на болки во задната ложа и поради тоа беше повлечен во 74-та минута, а денеска пристигна информација дека станува збор за повреда од втор степен.


4 views

Comentarios


bottom of page