top of page

„Од друга страна“ – Поетроника во живо на 7 октомври на реновираната тераса на МНТ

Oct 2
1 min read

02.20.2026 Oktomvri Pertok

7 октомври, во 19 часот, Македонскиот народен театар ќе биде домаќин на „Од другата страна“ – едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на дуото Поетроника. 

Новите софистицирани звучни таписерии на Поетроника се создадени во соработка со врвни музички уметници од различни жанровски определби: Никола Коџабашија – клавијатури и синтисајзери, Нинослав Спировски – кларинет и саксофон и Надежда Рубен – придружни вокали

Промоцијата ќе се одржи во живо на реновираната тераса на вториот кат на Македонскиот народен театар, која со овој настан повторно се отвора како простор за музички и уметнички содржини. 

Влезот е бесплатен.


 
 
 

Comments


bottom of page