top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Од денеска тест-средби на кадетите и на младинците во пресрет на ЕП

РАКОМЕТ

14.03.2024 Mart Cetvrtok

Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Наум Танески, од вторникот ги собра ракометарите за пријателските натпревари со Црна Гора, а во рамките на неделата на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Танески има на располагање 21 ракометар, а кои 18 ќе патуваат за Црна Гора требаше да одлучи по вчерашниот тренинг.Првиот дуел се игра денеска, од 18.30 часот, а вториот утре, од 13 часот, и двата во Подгорица, а се дел од подготовките за Европското првенство (ЕП) што ќе се игра во Црна Гора годинава, каде што Македонија е во група со репрезентациите на Германија, Франција и на Полска.За вчера во Скопје селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го закажа собирот на кој требаше да се појават 18 играчи, исто така, во рамките на неделата на ЕХФ. Репрезентацијата ќе одигра два пријателски меча со Хрватска, првиот утре (18 часот), а вториот задутре (12 часот), и двата во салата во Автокоманда, како дел од подготовките за претстојното ЕП во Словенија годинава. Македонија на тоа ЕП за ривали во својата група ги има Хрватска, Црна Гора и Австрија.Според хрватските медиуми, хрватската селекција, предводена од селекторот Крешо Иванковиќ, во Скопје треба да пристигне денеска, со вкупно 18 играчи од кои двајца се интернационалци. Г.И.


2 views

Comments


bottom of page