top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Од денес „CINEDAYS загревање – Европско патувачко кино под отворено небо“

Во Крива Паланка на градскиот плоштад пред општинската зграда денеска почнува „Cinedays загревање – Европско патувачко кино под отворено небо“.

Станува збор за нова програма на фестивалот на европски филм CINEDAYS, по повод 20-годишното постоење со цел претставување на нови европски филмови на отворено пред публиката во целата земја.

Фестивалот продолжува и утре во Крива Паланка, а потоа во Струмица на 3 и 4 јули (градскиот парк, Домот на Армијата) и во Струга, на 9 и 10 јули (Центар на култура, летна сцена).

Бесплатните проекции, како што посочуваат од Град Скопје, почнуваат во 21 часот, со исклучок на завршната вечер во Струга, која започнува од 20:30 часот и ќе бидат проследени со сесии разговори со познатиот филмски критичар Влатко Галевски и неговите гости, експерти за темите опфатени во филмовите.

Како што појаснуваат од Градот, станува збор за годишно прикажување на нови европски филмови, признати од критиката и сакани од европската публика, кое секоја година ќе патува во три различни градови.

Европското патувачко кино под отворено небо, оваа година ќе прикаже 12 филма: шест европски филмови продуцирани во последните години, кои ја одразуваат европската креативност и разновидност и кои нудат по нешто за сечиј вкус и шест македонски кратки филмови, дел од нив, наградувани на различни филмски фестивали.

Годинашната селекција на играни филмови ги вклучува: „Хакер“ (Данска), „Патешествието на Принцот“ (Франција), „Брат ми брка диносауруси (Италија), „Рока го спасува светот“ (Германија), „Слава“ (Бугарија) и „Кожурец“ (Германија). Филмовите третираат теми што ги засегаат сите луѓе, но посебно младите денес – од темната страна на дигиталната технологија, до прифаќањето и разновидноста, животот на луѓето со посебни потреби, насилството и предрасудите, корупцијата и слабостите на граѓанското општество, сексуалната ориентација и родовиот идентитет, итн.


1 view

Comments


bottom of page