top of page
Search

Од Видиниќ до Георгиевски - сите македонски олимписки медали!

26.07.2024 Juli Petok

Со свеченото отворање закажано со почеток од 19.30 часот, вечерва и официјално ќе бидат отворени Летните олимписки игри во Париз. За првпат во историјата на Олимпијадата, свеченото отворање нема да се одржи на стадион, туку на брегот на реката Сена. Повеќе од 6.500 спортисти во 85 чамци ќе пловат покрај иконските споменици на Париз, што ќе означи пресвртница и ќе воведе нова ера на Олимписките игри.

Настанот ќе ги обедини уметноста, спортот и културата за да создаде незаборавен спектакл, надминувајќи ги невидените логистички и безбедносни предизвици. Целиот чин на oтворањето ќе трае три часа и 45 минути. Олимписките игри во Париз 2024 година ќе траат седумнаесет дена.

Македонија има шест олимпијци, кои ќе бркаат најдобри лични остварувања и медали. Знаменосци на македонската делегација ќе бидат маратонецот и нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски и теквондистката Милијана Рељиќ. Покрај знаменосците, нашиот спорт во Франција ќе го претставуваат уште пливачот Ѓуретановиќ, Анастасија Мојсовска во дисциплината спортско стрелаштво, џудистот Шерифовски и борачот Егоров.

Македонските спортисти освоиле четиринаесет олимписки медали и тоа сите на Летна Олимпијада: две злата, шест сребра и шест бронзи. Голем дел од нив медалите ги освоиле како југословенски олимпијци, а Ибрагимов и Георгиевски се единствени олимписки медалисти по осамостојувањето. 

Освојувачи на медали на олимписки игри се:Благоја Видиниќ – ЛОИ Мелбурн - 1956 – сребрен медалБлагоја Видиниќ – ЛОИ Рим - 1960 – златен медалБлагоја Георгиевски – ЛОИ Монтреал - 1976 – сребрен медалАце Русевски - ЛОИ Монтреал - 1976 – бронзен медалШабан Сејдиу - ЛОИ Москва - 1980 – бронзен медалШабан Сејдиу - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – бронзен медалАзис Салиху - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – бронзен медалМилко Ѓуровски - ЛОИ Лос Анџелес 1984 – бронзен медалРеџеп Реџеповски - ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – сребрен медалШабан Трстена – ЛОИ Лос Анџелес - 1984 – златен медалШабан Трстена – ЛОИ Сеул - 1988 – сребрен медалСтојна Вангеловска - ЛОИ Сеул - 1988 – сребрен медалМогамед Ибрагимов - ЛОИ Сиднеј - 2000 – бронзен медалДејан Георгиевски - ЛОИ Токио 2021 - сребрен медал


4 views

Comentários


bottom of page