Search
Од актерка до режисерка: Мег Рајан ќе раководи со филмска адаптација на роман
- Aleksandar Santovski
- Mar 16, 2022
- 1 min read
Мег Рајан ќе ја режира филмската адаптација на романот на Сели Франсон од 2018 година, „Женски водич за распродажба“ (A Lady’s Guide to Selling Out) за стриминг-платформата „Нетфликс“. Новиот проект е опишан како Mad Men Meets Devil Wears Prada. Според веста на „Дедлајн“, ова е вторпат 60-годишната актерка да ја преземе режисерската палка по нејзиното режисерско деби со драмата „Итака“ од 2015 година. Драматургот Џени Рејчел Вајнер ќе биде сценарист за адаптацијата што ќе ја продуцираат Гери Фостер и Рас Красноф од „Красноф/Фостер ентертејнмент“ и Ким Хоџерт од „Анонимоус контент“.


Kommentare