Од 9 до 20 јуни: Вториот дел од Берлинале на отворено и пред публика
- Aleksandar Santovski
- May 11, 2021
- 1 min read
Организаторите на Берлинскиот филмски фестивал објавија дека условите предизвикани од пандемијата во главниот град на Германија се доволно подобрени за да може да се одржат планираните проекции на отворено во јуни.
Пандемијата е причината што Берлинскиот филмски фестивал беше пропролонгиран во февруари и поделен на два дела. Првиот дел се одржа преку Интернет во март за критичари и клиенти, а сега е на ред ексклузивниот фестивал на отворено за публиката, што ќе се одржи од 9 до 20 јуни. Организаторите изразија задоволство што ќе можат да и овозможат на публиката ужување во отворено киното на 16 локации во рамките на нивниот летен специјал.
Во соопштението се посочува дека падот на стапката на заразени со коронавирусот и позитивните сигнали од властите довеле до таа одлука.
Програмата на фестивалот ќе се состои главно од филмови прикажани на Интернетот за време на делот што се одржа во март, вклучувајќи ги и добитниците на наградите Златна и сребрена мечка што ќе бидат врачени на гала церемонијата на 13 јуни.

Comments