Од 22 до 27 јуни: Со “Кармен“ стартува Фестивалот на монодрама во Битола
21.06.2021 Juni Ponedelnik
Претставата “Кармен“ на НУ Драмски театар Скопје, во режија на Дејан Пројковски и во изведба на Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, вечерва (22. јуни) во 20 часот го отвора меѓународниот фестивал на Монодрамата во Битола, што ќе трае до 27 јуни.
Истата вечер во 22 часот, во Пацио на НУ Завод и Музеј ќе биде одиграна и претставата „Дневникот на лудиот“ 2 – Човекојадство“ во режија Ѓорги Ризески, а во продукција на Независен театар Златен Елец од Скопје.
Наредните денови на програмата се и претставите “Избувливиот човек“, “Кротка“, танц театарскиот перформанс “Петто годишно време“, “Најлон“, “ЗОО приказна“, “Прво лице еднина“, “Исмеана“, „Лидија или се што знам за жените“ и „Последната лента на крап“. На 27 јуни на свеченото затварање ќе биде одиуграна претставата „Луди за љубов“ и ќе бидат доделени анградите.
Претседател на жири комисијата ќе биде Весна Петрушевска, а членови Тодор Кузманов театарски критичар и Љупчо Ѓоргиевски режисер од Битолскиот театар.
Ќе се доделат награди за најдобар акатер, најдобра режија и Гран при која покрај статуетката носи и награда од 30.000 денари.
コメント