top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Огромни промени во Вардар: Ристовски нов извршен директор, Стоилов преминува во тренерските води!

Денешната свикана прес-конференција од страна на Вардар донесе многу важни промени во ракометниот клуб, кој после сезоната која ја заврши без трофеј се реши за крупни чекори кои треба да донесат важни резултати во иднина.

Претседателот Михајло Михајловски објави дека се повлекува од својата најодговорна функција како извршен директор и дека клубот го остава во добри раце, односно кај легендите Борко Ристовски и Стојанче Стоилов.

Ристовски е новиот извршен директор на Вардар и ќе има многу важна улога во новиот проект, но исто така крај на богатата кариера става и капитенот Стојанче Стоилов кој станува помошник тренер, но и координатор на сите младински категории во клубот.

– Борко Ристовски е наша легенда во ракомет и неговата карира завршува. Тој се гледа себе во раководните структури на Вардар и затоа ќе биде нов извршен директор. До него е Емил Угриновски, директор на Неуромедика, човек кој е секогаш е дел во спортот, еден од помагателите и на Металург во нивните најдобри изданија.

– До мене е старо-новиот тренер Недановски, како и Стојанче Стоилов кој се откажува од богатата играчка кариера и ќе му биде помошник на Недановски. Исто така, тој ќе биде и координатор на сите младински категории во Вардар, од пионери до младинци. Стоилов ќе има двојна улога со своите активности во Вардар, – изјави Михајло Михајловски кој се повлекува од својата раководна функција, но ќе остане тука како советник за клубот на кој му помогна во најтешките денови.

– Јас минав долги години во Вардар, по фантастичните успеси со Самсоненко, се вратив само поради две причини. Прифатив да се вратам за да го спасам клубот, тоа го направив од љубов. Од друга страна, имав цврсти гаранции дека ќе добиеме помош од многу страни. Корона-кризата и енергетската криза придонесоа пад на финансиски план и јас уште лани најавив дека сакам да се повлечам. Сепак, не го правам тоа без да најдам вистински спонзор. Сега, најдов добар тим, добри спонзори и клубот е во вистински раце. Повеќе нема да имам никаква функција од извршен карактер, ќе бидам тука за луѓето околу мене само за делење совети, – посочи Михајловски.


1 view

Comments


bottom of page