top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Огромна побарувачка за добротворниот сладолед на Доли Партон

12.04.2021 April Ponedelnik

Новиот сладолед од јагода Strawberry Pretzel Pie на Доли Партон дебитира со голем интерес за ладниот десерт, а некои од продавачите на популарната онлајн-продавница „Ибеј“ сакаа да го искористат налетот на производот наплатувајќи 1.000 долари за половина литар. Сладоледот излезе во продажба во средата и бргу се распродаде преку локациите на „Џени“, а многумина се свртеа кон секундарниот пазар за да остварат брз профит од популарниот производ. 75-годишната легенда на американската кантри-музика соработува со Splendid Ice Creams на „Џени“ за нов вкус на сладолед. Приходите ќе одат во добротворни цели, односно во нејзината програма „Библиотека на фантазијата“. Малкумина знаат за активизмот на Доли Партон и поддршка на писменоста кај децата преку нејзината „Библиотека на фантазијата“ (Imagination Library). Секој месец оваа непрофитна организација им испраќа бесплатни книги на повеќе од милион деца – од бебиња до деца на претшколска возраст – без оглед на приходите на нивните семејства.


2 views

Comments


bottom of page