top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Огромен интерес за билети за ЕП 2024

ФУДБАЛ – УЕФА

Повеќе од 20 милиони билети побараа навивачите низ светот за натпреварите на Европското првенство в година, што покажува огромен интерес за присуство на турнирот во Германија, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). Над 1,2 милион билети беа достапни во периодот на аплицирање, кој заврши на 26 октомври. Вкупно над 20 милиони апликации за билети од 206 земји беа примени во текот на првиот продажен период, со 7,8 милиони апликации во првите 24 часа. Гледачите од земјата домаќин Германија сочинуваат 65 отсто од апликациите за билети, а потоа следуваат Англија, Франција, Шпанија и Австрија. Надвор од Европа, првите пет земји се САД, Канада, Австралија, Кина и Мексико, откако над 525.000 беа пријавени за билети од овие земји, пишува УЕФА. Финалето, воведниот натпревар со домаќинот Германија и другите два натпревара од групната фаза во кои учествува Германија привлекоа најголем интерес од 51 натпревар на шампионатот. Беа побарани неверојатни 2.295.665 билети за финалето, кое треба да се игра на Олимпискиот стадион во Берлин, 33 пати повеќе од капацитетот на стадионот. Повеќе од 1,4 милион апликации беа примени за воведниот натпревар, кој треба да се игра во Минхен, приближно 21 пат повеќе од капацитетот на местото на одржување. Билетите за сите 51 натпревар ќе бидат доделени во почетокот на ноември, по пат на лотарија. Следната можност за аплицирање за билети ќе биде по извлекувањето на групите на 2 декември годинава, кога еден милион билети ќе им бидат достапни преку 21 квалификувана репрезентација, како и преку официјалниот портал за билети на УЕФА. Билетите исто така ќе бидат задржани од продажба за поддржувачите на репрезентациите што ќе се квалификуваат преку плејофот во март в година. Платформата за препродажба на билети, достапна во пролетта 2024 година, ќе им овозможи на гледачите да ги понудат своите билети за препродажба по номинална вредност преку EURO2024.com/tickets, пишува УЕФА. Оваа платформа ќе им овозможи на гледачите безбедно да купат билети од други гледачи преку официјалниот продажен канал на УЕФА. Н.М.


1 view

Comments


bottom of page