Search
Ограбена куќата на Дејвид и Викторија Бекам во Лондон
Куќата на Дејвид и Викторија Бекам во западен Лондон била ограбена додека парот бил внатре со нивната 10-годишна ќерка. Крадците влегле во нивниот дом во Кенсингтон помеѓу 20:30 и 23:30 часот по Гринич на 28 февруари, пренесува Би-би-си. Лондонската полиција потврди дека е пријавена кражба во областа W11 и додаде дека голем број предмети биле пријавени за украдени. Досега никој не е уапсен. Се наведува дека истрагата за кражбата, која прв ја објави „Сан“, продолжува. Некогашниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Бекам, кој одигра 115 натпревари за Англија, се повлече од фудбалот во 2013 година, но оттогаш стана сопственик на фудбалскиот клуб „Интер Мајами“. Тој е и амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.
Comments