top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Овечкин втор најбрз играч со 750 гола во НХЛ-лигата

ХОКЕЈ НА МРАЗ

Русинот Алекс Овечкин продолжува да маршира кон голгетерскиот рекорд на хокеарската легенда, Канаѓанецот Вејн Грецки, во канадско-американската НХЛ-лига. Овечкин (36), напаѓачот и капитен на Вашингтон, на мечот со Колумбус (3-1) го постигна 750-от гол, на 1.220 натпревари во кариерата, втор најбрз ефект на играч во НХЛ, пишува агенцијата „Франс прес“ (АФП). Големиот Грецки, кој настапуваше за Едмонтон оилерс, Њујорк ренџерс, Лос Анџелес кингс и други, е единствениот што побрзо од Овечкин, на 1.001 натпревар, постигнал 750 гола. Овечкин ѝ се приклучи на елитната група играчи на НХЛ, кои постигнале најмалку по 750 гола, во која се најефикасниот на сите времиња, Грецки (894 гола), „господинот Хокеј“, Горди Хау (801), и чешката ѕвезда Јаромир Јагр (766). Следен на списокот играчи чии постигнувања може да ги надмине Овечкин е Јагр, кој има 766 гола во НХЛ-кариерата. – Навистина убава бројка. Само напред – изјави Овечкин, кој сезонава постигна 20 гола на 25 натпревари. Овечкин им се придружи на Марсел Дион, на Јагр и на Матс Сундин, кои се единствените што постигнале 20 и повеќе голови во секоја од првите 17 сезони во НХЛ.


1 view

Comments


bottom of page