Овации, солзи и гол за крај: Заврши ерата на Меси во аргентинската репрезентација фото и видео
07.10.2026 Oktomvri Sreda
Лионел Меси го одигра последниот натпревар во дресот на аргентинската репрезентација, одјавувајќи се со две асистенции и гол на пријателскиот натпревар со Бенин.
Преполниот стадион во Буенос Аирес неколку пати со овации, вклучувајќи ги тие во десеттата минута, го поздрави својот миленик, кој неколку пати не можеше да ги контролира емоциите на прошталниот натпревар.
Во продолжение, Меси им асистираше на Отаменди и Паз, а самиот стави точка со гол од пенал во 81. минута на средбата.
Меси дебитираше за Аргентина против Унгарија во 2005 година и тоа со црвен картон, но подоцна се претвори во вистинска легенда во својата земја и фудбалер кој го предводеше националниот тим до две титули на Копа Америка и една на Светско првенство.







Comments