Ова не поминува во Англија: Арсенал ќе ги казни навивачите кои го гаѓаа Де Брујне
Арсенал не го одбрани домашниот терен и го доживеа првиот лигашки пораз на „Емирејтс“ и тоа од директниот ривал за пехарот Манчестер Сити.
Актуелниот првак славеше со 3-1 со што се израмни на врвот на табелата со Арсенал, но во моментов се на првото место поради подобрата гол разлика. Кевин Де Брујне беше еден од стрелците на погодоците, човек кој воедно влезе и во мал конфликт со домашниот менаџер Микел Артета со што дополнително ги разбесни домашните фанови кои по неговото излелгување од игра го гаѓаа со се што им дојде при рака.
Белгиецот се пошегува со ова на социјалните мрежи, меѓутоа ваква ситуација не помина во Англија, па така освен ФА која внимателно ќе го разгледа инцидентот, истрага ќе има и од Арсенал кој има намера да ги казни неодговорните навивачи.
-Ние ги прегледуваме камерите и ако можеме да ги идентификуваме виновниците, тие ќе бидат подложени на строги санкции. Ова е неприфатливо и нема да се толерира, порачаа „топчиите“.
Comments