top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Ова е за доброто на моите деца“: Шакира ќе плати казна од 7,3 милиони евра за да го избегне судењет

„Ова е за доброто на моите деца“: Шакира ќе плати казна од 7,3 милиони евра за да го избегне судењето за затајување данок

Шакира постигна договор со шпанските обвинители. Славната пејачка, која беше обвинета за затајување данок од 14,5 милиони евра, прифати да плати голема сума на пари само за да не продолжи нејзиното судење.

Колумбиската ѕвезда ќе плати казна од 7,3 милиони евра, бидејќи не сака нејзините деца да ја гледаат како си го уништува здравјето во оваа битка.

Иако знаела дека ќе победи во судскиот спор, Шакира одлучи да го избегне целиот тој процес. Дополнително, таа ќе треба да плати и 432.000 евра за да избегне три години во затвор.

„За жал, и покрај сите овие напори, даночните власти во Шпанија покренаа тужба против мене, како што направија против многу професионални спортисти и други поединци од висок профил, трошејќи им ги енергијата, времето и спокојството на тие луѓе со години.“

„Иако бев решена да ја бранам мојата невиност на судење за кое моите адвокати беа уверени дека ќе се донесе одлука во која корист, одлучив конечно да го решам ова прашање за доброто на моите деца кои не сакаат да гледаат како нивната мајка си ја жртвува личната благосостојба во оваа борба.“

„Треба да го надминам стресот и емоционалниот данок од последните неколку години и да се фокусирам на нештата што ги сакам – моите деца и сите можности кои ми ги нуди мојата кариера. Им се восхитувам на сите оние кои се бореа до крај против овие неправди, но за мене, денес, победа значи враќање на времето посветено на моите деца и на мојата кариера“ – изјавила Шакира, која беше облечена во розово од глава до пети.

Случајот беше заснован на тврдењето дека Шакира од 2012 до 2014 поминувала повеќе од шест месеци годишно како жителка на Шпанија, што ја обврзувало да ѝ плати данок на државата. Шакира ги негираше тие обвинувања, тврдејќи дека во тој период живеела на Бахамите и дека таму ги подмирувала даноците. Таа првично одби да се спогоди со обвинителите.

Доколку продолжеше судењето и Шакира беше прогласена за виновна, таа ќе требаше да помине три години во затвор.

Шакира живееше во Барселона поради врската со Жерар Пике со кого има две деца, Саша и Милан.









1 view

Comments


bottom of page