Објавени фотографии од снимањето на култниот филм “Титаник“ од 1997 година
Updated: Feb 2, 2022
01.02.2022 Januari Vtornik
Фотографиите објавени неодамна на Инстаграм покажуваат како изгледало снимањето на „Титаник“, еден од најпопуларните филмови и нудат увид зад сцената со Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо.
Филмот „Титаник“ беше претставен во 1997 година, а за 25 години од неговото прикажување се здоби со култен статус и огромната популарност на главните ликови кои ги толкуваат Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет.
Со оглед на тоа што популарноста на филмот не опаѓа и по толку години, страницата на Инстаграм Pubity објави фотографии на кои се гледа како се снимаа некои од најпрепознатливите сцени.
„Бевме како две глупави деца на снимање“, изјави Кејт Винслет за Ролинг Стоун во 1998 година.
„Знаете, јас работам со Леонардо ди Каприо – тој е прекрасен и бев загрижена дека целосно ќе ме воодушеви или ќе ме смета за нападна, но штом се запознавме, само се кликнавме“, рече Винслет тогаш.
Ди Каприо имаше само пофални зборови за нивната соработка: “Таа ми беше најдобра пријателка седум месеци. Стресот од снимањето го пренесувавме еден на друг, се жалевме, се грижевме… Бевме партнери”.
Нивното пријателство не заврши со снимањето на филмот, а на крајот од претходната година актерката откри колку и било тешко да не се видат три години поради пандемијата на коронавирус.
Заедно со Винслет и Ди Каприо, успехот на „Титаник“ го дели режисерот Џејмс Камерон, кој инспирацијата за филмот ја нашол во неговата фасцинација од потонати бродови – сакал да ја пренесе емотивната порака на трагедијата и верувал дека љубовна приказна прошарани со човечки загуба би била суштинска.
Продукцијата на филмот започна во 1995 година, кога Камерон ги снимил вистинските урнатини на Титаник. Современите сцени беа снимени на бродот Академик Мстислав Келдиш, што Камерон го користеше како база при снимањето на потонатиот брод.
Фотографиите објавени на страницата на Инстаграм „Pubity“ покажуваат како всушност изгледало снимањето зад сцената. Тие откриваат и колку труд е вложен за Титаник да изгледа толку автентично што придонело за неговиот успех.
Comments