top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Објавени нови книги од Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски

Две нови изданија се објавени во едицијата „Перископ“ на издавачката куќа „Бегемот“. Се работи за теориско-есеистичката книга „Свет зад светот“ на професорката Лидија Капушевска-Дракулевска и есеистичката книга „Песнапат“ од професорот Владимир Мартиновски.

Kнигата „Свет зад светот“ на Капушевска-Дракулевска е тематски врзана за македонската книжевност.

“Може да се рече дека есеистичката збирка „Свет зад светот“ има и еден историски и еден актуелен аспект: таа ја промовира поетиката на одделни авторски писма од македонската книжевност, покажувајќи го континуитетот и поетичкиот новум на нашата национална литература, како во еден конкретен историски, така и во еден современ културен контекст“, смета академик Влада Урошевиќ.

Според научниот соработник Дарин Ангеловски, „Песнапат“ од Мартиновски е „обид за осмислување на безобличната бескрајност на зададената тема и ја вообличува есеистичката книга „Песнапат“ како книжевно-компаративна, интеркултурна и имаголошка студија“.

Книгите се објавени со поддршка од Министерството за култура.



0 views

Comentários


bottom of page