Објавени наградите “Св. Климент Охридски“ за 2021
01.12.2021 Dekemvri Sreda
Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година, во областа на воспитанието и образованието му е доделена на проф. д-р Ѓулумсер Касапи, универзитетски професор. Во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на Јован Павловски, писател, м-р Снежана Анастасова – Чадиковска, музички уметник и Елена Дончева, академски сликар – костимограф.
Ова признание се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2021 година (среда) во 12 часот, во Свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.
Comments