Објавена најавата за втората сезона од серијата „Емили во Париз“
Новите авантури на хероината Емили во Градот на Светлината ќе може да ги гледаме на 22 декември, како што беше објавено на глобалниот настан на обожавателите на „Нетфликс“, наречен „Тудум“. Конечно е достапна најава, која е увертира во десетте нови епизоди.
Иако не сакаме да ви го расипеме расположението пред премиерата на новите епизоди, продолжението носи и некои нови лица, како што е момчето по име Алфи. Него го глуми актерот Лисјен Лависконт, кога го опишуваат како саркастичен и шармантен циник, кој не сака да го користи францускиот јазик, ниту да го прифати културното наследство на оваа земја. На почетокот, двојката ќе помине низ многу неуспеси, но врската, сепак, ќе оди во една возбудлива насока, пишува списанието „ТВ лајв“.
Според синопсисот, Емили сега е на познато тло и подобро се снаоѓа во Париз, но и понатаму не ѝ се јасни навиките и однесувањето на локалното население. По љубовниот триаголник од претходното поглавје на серијата, главната актерка е решена да напредува во бизнис-планот, но секојдневно наидува на пречки. Меѓутоа, часовите по јазик што таа ги поседува носат динамика, бидејќи таму го среќава имигрантот Алфи, кој ја иритира, но и ја интригира.
Кога станува збор за актерската екипа, работите не се сменети многу, а единствената промена се новите ликови, како Алфи.
Comments