Објавена кореспонденција: Амбер Херд никогаш не го сакала Илон Маск
Амбер Херд всушност никогаш не го сакала своето поранешно момче Илон Маск, тврди нејзиниот поранешен агент. Добивај вести на вибер Кристијан Карино, кој беше агент и за Џони Деп и за Амбер Херд, сведочеше во судскиот процес по тужбата за клевета што актерот ја поднесе против неговата поранешна сопруга. Деп бара од Херд 50 милиони долари оштета бидејќи таа го клеветела и му го уништила угледот тврдејќи во текст што го напиша за „Вашингтон пост“ во 2018 година дека била жртва на семејно насилство. Иако директно не го именува, Деп тврди дека статијата алудира на него и дека ги трпи последиците од сето тоа. Проблемите во нивниот брак станаа јавна работа во 2016 година, кога таа се појави на суд со модринки на лицето, тврдејќи дека Деп ѝ ги нанел. Нивниот развод беше финализиран во 2017 година, а во тоа време Херд се забавуваше со Илон Маск. Во своето сведочење, нивниот поранешен агент, Кристијан Карино, се осврна на тој период . Неговото сведочење беше снимено претходно, а снимката беше објавена во судот во средата. На снимката е прикажан разговор, односно преписка меѓу него и и Херд во август 2017 година, кога нејзината разделба со Маск заврши во медиумите. Агентот вели дека актерката „веднаш се префрлила“ од Деп на Маск. „Ти не го сакаш и илјада пати ми кажа дека само го пополнуваш просторот со него“, ѝ напишал Карино откако се пожалила на фактот дека медиумите дознале дека врската е завршена. „Знам, но сакав време за тагување и закрепнување“, одговорила таа. Маск, кој го купи „Твитер“ неделава, беше наведен како потенцијален сведок во корист на Херд, но не е познато дали тој навистина ќе биде повикан да сведочи.
ความคิดเห็น