Објавена книгата „Доцна вечера за госпоѓа Фиби“ од Ѓорѓе Писарев
Updated: Feb 9, 2022
08.02.2022 Februari Vtornik
Во издание на „Бата прес“ излезе од печат илустрираната книга за деца „Доцна вечера за госпоѓа Фиби“ од српскиот писател Ѓорѓе Писарев. Илустрациите се на Настасја Писарев, ќерка на авторот. Делото на македонски го преведе Ненад Баткоски, а објавувањето го помогна Министерството за култура на Србија.
„Каков е светот виден со очите на едно маче и на едно мачорче? Можат ли животите на мачињата да нѐ понесат… Пишувана е за деца, ама и ‘за возрасни што не заборавиле кога биле деца’“, наведува македонскиот издавач на преводот на книгата која на српски е објавена од „Агора“ од Зрењанин.
Ѓорѓе Писарев (1957) објавил повеќе од 20 книги за деца и возрасни. „Доцна вечера за госпоѓа Фиби“ е прва книга од серијата „Девет мачешки животи“.
Comments