top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Објавен „Ние“ – четвртиот роман на Ана Стојаноска

„Ние“ е насловот на четвртиот роман на Ана Стојаноска којшто деновиве е објавен во издание на „Арс Либрис“. Тој влезе во потесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година што ја доделува „Арс Ламина“ во соработка со фондацијата „Славко Јаневски“.

Како што информира авторката, романот има интересна, загонетна структура во трите елементарни форми на нарација (јас, ти и ние форма) и истовремено си игра со читателот, поставувајќи го во централната позиција на откривање на тоа што е вистинито, а што измислено во романот. Романот е концентриран на една навидум обична љубовна приказна, помеѓу една писателка и нејзиниот маж, а всушност раскажува неколку попатни приказни, постхумно откриени од страна на нејзиниот сега веќе возрасен син. Романот си игра и со приказната и со читателите, создавајќи една динамична наративна линија, во која еден настан е раскажан и низ призмата на машкиот и низ призмата на женскиот главен лик.

Ана Стојаноска (Прилеп, 1977) е писателка, театролог, редовна професорка на ФДУ– Скопје и актуелна директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Авторка е на повеќе од сто библиографски единици од областа на книжевноста, театрологијата и културологијата, а авторка и коавторка е и на неколку театарски монографии и собрани драми. Нејзината поетска збирка „Потпис: Трепетлика“ ја доби наградата „Антево перо“ за 2020 година. Претходните нејзини романи се: „Јас и Лин, отпосле“ (за кој го доби „Рациновото признание“ за 2017г.,), „Дијалози во еднина“ и „Лебед“.


1 view

Comments


bottom of page