Објава за смртта на Јанко Томов,многу познат политички активист,од Австралија и писател на 11 истори
12.02.2022 Februari Sabota
Објава за смртта на Јанко Томов,многу познат политички активист,од Австралија и писател на 11 историски и политички книги.,постојан дописник во интернет порталот''Македонска нација од Скопје
Еве кратка биографија..
Јанко Томов е роден во Струмица во 1938 година.Тој е факултетски образуван тренер по гимнастика и атлетика и наставник кој дипломирал на Универзитетот во Белград,а работел во Институт за физичка култура на Македонија од 1964 до 1970 година.
Емигрира со своето семејтсво во Австралија во 1970 и таму веднаш станува активен член во Македонското национално движење за македонските права во дијаспората и понатаму за осамостојување на Македонија и востановување на повекепартиски демократски систем.Тој пишува,подготвува,и објавува многу написи и организира конференции и мирни демонстрации,како активен член на раководствата на македонските организации:ТНМРО со огранокот ''Група македонски патриоти''од 1985 година во Перт, Западна Австралија.
Томов е основач и прв прецедател на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Перт,и член на кординативниот одбор за дијаспората во 1990 година со одлука на идеологот Драган Богдановски.
Активен член е на извршниот одбор на организацијата за Македонски Човекови Права за Западна Австралија и уредник на ''Македонски Патриотски Билтен'' каде објавува многу свои статии.,Објавува и во други весници во Австралија и во Утрински Весник од Скопје.
Томов од 2003 користи интернет и испрака редовно имајли-писма со национални политицки писма со кој е поврзан со поголемиот дел на Македонски организации во македонската дијаспора.а од 2010 во порталот на интернет ''Македонска нација'' од Скопје каде е еден од уредниците.
Од 2000 година почнува да писува книги и има објавено 11 свои книги со патриотска,историска и автобиогравска содржина од коии последната во 2017 година.Томов е гостин на македонските радио програми освен во Австралија и во Македонија,едно од интервјуата за полозбата на македонската дијаспора бесе одржано во Скопје 2007 година во МРТ ТЕЛЕВИЗИЈА кога за првпат после 32 години ја посетил Македонија.
Во Државниот Архив на Македонија меѓу многуте донесени фондови со документи од емиграцијата од страна на неговата внука Виолета Сантовска,советник во Дрзавниот Архив се наога обработен и фондот ''Јанко и Планинка Томов''(1938-2020) и е спремен за истражување.,и веке се користи во припрема на одредена докторска дисертација.
Во 2018 година Виолета Сантовска има 2 часа зборува во емисијата Глас на Татковината на Македонското радио 3 од Скопје по повод 80 години од раѓањето на Јанко Томов.
Јанко Томов до последните денови од својот живот пишува за политичките и општествените случувања во Македонија.
Тој умира на 11.02,2022,Петок во Бризбејн Австралија.
Comments