Обрван: Загреб и Вардар имаат подеднакви шанси, се ќе се решава во Загреб
24.08.2021 Avgust Vtornik
За два дена се игра пресметката меѓу Вардар и ППД Загреб во четвртфиналето на СЕХА лигата, дуел закажан за в Скопје од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Ова е дуел кој ќе покажа до каде се двата состави кои направија доста промени во екипите. Гостите од Загреб се убедени дека во најдобро светло ќе се прикажат во македонската престолнина, но во исто време веруваат дека реваншот на нивен терен ќе го одреди патникот на завршниот турнир.
-По тринеделни подготовки кои завршија со турнирот во Добој, нe очекува важен натпревар. Би кажал дека шансите и за нас и за Вардар се подеднакви во овој момент. Резултатот од првиот натпревар нема да биде гаранција за ништо, освен ако навистина не е резултат со голема разлика. Верувам дека учесникот на Ф4 турнирот ќе одлучи во Загреб на 31 август. Ни преостануваат уште неколку тренинзи за максимално да се подготвиме за Вардар, но го подигнавме нивото на форма на прилично добро ниво. Се надевам дека на овие два натпревари ќе прикажеме добри игри и ќе се избориме за завршниот турнир во СЕХА лигата, -истакна тренерот Ивица Обрван.
Comments