Обрадовиќ за Ѓоковиќ: Ова е „последниот воз“ за него…
29.01.2024 Januari Ponedelnik
Новак Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани титулата на Аустралијан Опен и со тоа да ја продолжи доминацијата во Мелбурн, а со тоа воедно и на грен слем турнирите.
Меѓутоа и покрај овој неуспех јасно е дека Србинот ќе игра значајна улога и во актуелнава сезона каде сигурно ќе цели кон пехари на најважните турнири, а тука се и Летните Олимписки Игри во Париз каде Ноле ќе се обиде конечно да го оствари посакуваниот сон за златна медала.
-На Олимписките игри во Пекинг во 2008 година освои бронзен медал, но Новак секако не е задоволен со тоа. За него времето истекува и Ѓоковиќ е свесен дека наредните ОИ ќе бидат за четири години кога ќе има над 40 години. Прашалник е како ќе изгледа неговото тело во тој момент. Ова е некако „последниот воз“ и вистинска шанса да се освои златниот медал, -истакна некогашниот селектор на Дејвис Куп тимот на Србија, Богдан Обрадовиќ.
Comments