Search
Обожавателите се простуваат од Аки Ракимовски- Како да замолкна едно време…
22.01.2021 Januari Sabota
Бројни обожаватели на музиката на групата „Парни ваљак“, на социјалните мрежи се простуваат од Аки Ракимовски кој почина денеска на 67-годишна возраст.
Многумнина се присетуваат на песните што ги отпеа пејачот на Парни ваљак, роден во Скопје и на многу спомени поврзани со нив.
„Како да замолкна едно време кога растевме со овие песни“, „Сакавме и тагувавме со неговите песни…“, „Почивај во мир ти што ги обои со својата музика нашите најубави денови од младоста“, „Она што беше Фреди за Квин, тоа беше Аки за Парни ваљак“…, пишуваат обожавателите по смртта на Аки Ракимовски.
Comments