top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Обновено: Ждрепката за ЛШ ќе биде повторена поради технички проблеми

Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи да ја повтори ждрепката за осминафиналните двојки за Лигата на шампионите. Новото извлекување ќе се одржи од 15 часот, по што ќе бидат познати и нови парови од нокаут-фазата во најквалитетното клупско натпреваруање. Двојките ќе се влечат по вторпат поради технички проблеми со софтверот.

При првичната ждрепка, беше одлучено Пари Сен Жермен да се соочи со Манчестер Јунајтед во најзвучниот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите, со што Лионел Меси и Кристијано Роналдо требаше да имаат нова пресметка во најквалитетното клупско натпреварување за првпат по сезоната 2010/2011.

Бранителот на трофејот Челси требаше да игра против француски Лил, а Баерн против Атлетико Мадрид

Првите дуели се закажани на 15/16 и 22/23 март, а реваншите ќе се играат на 8/ 9 и на 15/16 март.

Резултати од првичната ждрепка

Бенфика – Реал Мадрид Виљајеал – Манчестер Сити Атлетико Мадрид – Баерн Минхен Салцбург – Ливерпул Интер – Ајакс Спортинг Лисабон – Јувентус Челси – Лил ПСЖ – Манчестер јунајтед


2 views

Comments


bottom of page