top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

О’Саливен седми пат светски првак, се израмни со Хендри

СНУКЕР

Рони О’Саливен го победи Џад Трамп во финалето на Светското првенство (СП) во снукер, со што се израмни со Стивен Хендри, досегашниот рекордер со седум светски титули во модерната ера, пишува „Би-би-си“. – Мислам дека на Хендри, кој е апсолутна легенда на оваа игра, седумте светски титули му значат повеќе од мене, но сега ќе го споделуваме тој рекорд. Тоа е само бројка, не се оптоварувам премногу со тоа – изјави О’Саливен. Хендри останува најмладиот светски шампион во снукер, победувајќи во 1990 година на 21-годишна возраст, по што доминираше во таа деценија со пет титули по ред. Но вели дека О’Саливен „ја кренал играта на нови нивоа“. – Чест ми е што седумте светски титули ги споделувам со Рони. Тој е уметник, тој е победничка машина. Тој вели дека не му се важни рекордите, но посакува и осма титула – изјави Хендри. Оваа титула го направи О’Саливен (46) најстариот светски првак во снукер, десетина месеци постар од Реј Рирдон, кој победи во 1978 година на 45-годишна возраст. Седмиот триумф на О’Саливен дојде 21 година по првиот. Сметан за најнадарен играч во снукерот, О’Саливен стана професионалец во 1992 година и досега освои рекордни 39 титули. Тој може да се пофали и со 21 рекордна титула на најпрестижните настани во снукер, т.н. „Тројна круна“, СП, шампионатот на Обединетото Кралство и на Мастерсот со покана, три повеќе од 18-те на Хендри. За триумфот, О’Саливен доби 500.000 фунти, со што неговата вкупна заработка од настапите на СП е 3,5 милиони фунти.


5 views

Comments


bottom of page