Search
Нусланд „златна“ во ски-крос
- Aleksandar Santovski
- Feb 17, 2022
- 1 min read
Швеѓанката Сандра Неслунд го освоил златниот медал во слободно скијање на Зимските олимписки игри во Пекинг. Неслунд победи во дисциплината ски-крос. За актуелната светска шампионка, ова беше првиот медал во Пекинг. Таа на Шведска ѝ го донесе седмото олимписко злато на Игрите. Сребрениот медал ѝ припадна на Канѓанката Маријел Томпсон, која во оваа дисциплина беше „златна“ во Сочи во 2014 година. Бронзата на крајот заврши кај Даниела Маер од Германија. Германката третото место го освои откако казна доби Фани Смит од Швајцарија, која трета мина низ целта.

Comments