Нуров е четвртфиналист на Светското првенство
Updated: Oct 6, 2021
05.10.2021 Oktomvri Vtornik
БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ
Македонскиот олимпиец од Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио годинава, Магомедгаџи Нуров (категорија до 97 кг), се пласира во четврт-финалето на Светското првенство (СП) во борење со слободен стил, кое се одржува во Норвешка. Тој на годинашниот Мундијал досега оствари две победи. Прво со 17-6 го совлада Литванецот Лукас Красаускас, а во осминафиналето со 3-1 и Полјакот Радослав Баран. Во четврт-финалето, Нуров го очекува борба со Американецот Кајл Фредерик Снајдер. Македонскиот репрезентативец во борење со слободен стил Владимир Егоров (категорија до 57 кг) загуби во репасажната борба од Русинот Абубакар Муталиев на Светското првенство и не успеа да се бори за бронзениот медал со Германецот Хорст Лер. Претходно Нуров во првото коло го совлада со технички туш Чангјунг Парк од Јужна Кореја, а во втората борба загуби од Американецот Томас Гилман.
Comments