Нуно го преживеа испаѓањето од Премиер лигата, но не и лошата серија во Чемпионшип (Фото)
03.11.2026 Noemvri Vtornik
Нуно Еспирито Санто се задржа во Лондон и остана да биде менаџер на Вест Хем по испаѓањето од Премиер лигата, па во период кога како апсолутна задача си зададе да го врати тимот во елитата, пристигна вест која е очекувана за навивачите на клубот.
Иако добро беше отворена сезоната во Чемпиошип лигата, формата на Вест Хем значително опадна по репрезентативната пауза, а двата порази по ред на домашен терен му пресудија на Португалецот.
„Чеканите“ ова утро ја информираа јавноста дека е прекината соработката со искусниот фудбалски стручњак, само неколку дена по поразот од ВБА.
Вест Хем загуби на домашен терен со резултат 1:3, а во претходната рунда исто така пред своите навивачи загуби и од Саумтептон со 2:3.
Ова направи тимот да падне на осмото место на табелата, по што клубот реши да реагира пред да стане предоцна за било какво враќање на стабилноста.







Comments