top of page
Search

Нојер: Клоп може да биде тренер на Баерн, но и…

Јирген Клоп го напушта премиерлигашот Ливерпул по крајот на натпреварувачката 2023/2024, а причината за тоа е недостаток на енергија да го води проектот на „црвените“.

Германецот порача дека ќе направи пауза пред да прифати некој друг предизвик во кариерата, па останува да се види до кога стратегот ќе биде во „аут“. Со оглед на квалитетот, успесите неговото име секогаш ќе биде на топ листата кога се во прашање тренерите, па Мануел Нојер може да го види сонародникот како еден ден го води Баерн Минхен.

-Мислам дека зависи од него. Мислам дека Баерн нема ништо против тоа. Тој е познат, многу добар, искусен, тактички остроумен тренер кој има голема почит од сите фудбалери и спортисти и верувам дека дефинитивно е потенцијален кандидат кој во одреден момент би можел да работи за Баерн. Дали тој сака да го направи тоа е секако негова работа. Можеби сака прво да се одмори. Можеби повеќе не ја сака секојдневната работа – можам да замислам дека еден ден ќе биде селектор на репрезентација. Се разбира, тоа главно зависи од него, -порача капитенот на „баварците“.


5 views

Comments


bottom of page