top of page

НОРВЕШКИОТ МУЗИЧАР НИЛС ЕКЛАНД И ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ АЛБУМ НА ДОБРИЛА И ДОРИАН НА ВТОРИОТ ДЕН НА 25. ОФФ-ФЕСТ

04.06.2026 Juni Cetvrtok

По африканскиот прв ден, јубилејниот 25. Офф-фест музички се сели во Европа. Двата концерта од вториот ден се во Националната опера и балет.

Од 20 часот настапуваат норвешките музичари Нилс Екланд (хардангер фидл, виолина, виола) и Сигбјерн Апеланд (хармониум, пијано). Музиката не Екланд (фото) се движи помеѓу локалната традиционална народна музика, современата музика, џезот и слободната импровизација, а во Скопје ќе настапи соло или во дует со Апеланд.

Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ неодамна го издадоа својот трет албум како дуо, што вечерва од 22 часот ќе го промовираат во живо на Офф-фест.


 
 
 

Comments


bottom of page