top of page

Ноле е неверојатен: Се тресеше од замор, но пронајде сили и стигна до победа над Медведев (Видео)

Новак Ѓоковиќ во безброј наврати во својата кариера пронаоѓал сили да се врати во меч кога многумина го отпишале, а главни причини за тоа се неговиот борбен карактер, но и неверојатната упорност кој е одлика за неповторливиот српски тенисер.

Ноле денеска беше токму во таква ситуација по загубениот втор сет, кога буквално се тресеше кога седна на своето столче по исцрпувачкиот тајбрејк кој му припадна на Медведев.

Во тие моменти, се чинеше дека Ноле може и да го предаде мечот, но наместо тоа, реши да се бори и од многу тешка ситуација направи пресврт во одлучувачкиот сет.

Ѓоковиќ изгледаше навистина изморено и исцрпено на моменти, но и покрај тоа успеа да се врати од негатива од 5:4 и потоа да слави со 7:2 во тајбрејкот.

За него ова беше трета победа на завршниот Мастерс во Торино, па со максимален учинок ќе ги одмери силите против Тејлор Фриц кој е најголемото изненадување во Италија.

ree

 
 
 

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page