top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Нож во грб 2“ пристига на „Нетфликс“ оваа есен


25.01.2022 januari Vtornik

Омилениот детектив Беноа Блан есенва ќе биде на трага на уште една мистерија. Според „Вараети“, крими-трилерот на Рајан Џонсон со оригинален наслов Knives Out 2 („Нож во грб 2“) ќе пристигне на „Нетфликс“ во текот на годината. По огромниот успех на првиот, оригинален филм од 2019 година, кој беше дистрибуиран од „Лајонсгејт“, стриминг-услугата ја искористи можноста да ги откупи правата за две продолженија. Во март 2021 година „Нетфликс“ објави дека платиле неверојатни 450 милиони долари за второто и третото продолжение. Иако куповната цена може да изгледа висока, има смисла бидејќи првиот филм заработи вкупно 311 милиони долари. Даниел Крег ќе ја повтори својата улога како водечки приватен детектив, Беноа Блан, заедно со актерската екипа вклучувајќи ги Кетрин Хан, Итан Хок, Едвард Нортон, Дејв Батиста, Кејт Хадсон, Џенел Монае, Лесли Одом Јуниор, Џесика Хенвик и Медлин Клајн.




3 views

Comments


bottom of page