Новоотворено средновековно светилиште за посетителите на Лондон
09.07.2021 Juli Petok
Загубено средновековно светилиште (сакристија) во Опатијата Вестминстер оваа недела ќе биде отворено за јавноста – првпат како дел од новата обиколка на места коишто обично не се достапни за туристите во Велика Британија.
Собата од 13 век ја користеле монаси за подготовки на верски служби и сместување облека и свети предмети за католичките миси. Светилиштето е откриено како дел од археолошки локалитет во септември 2020 година, со еден добро сочуван скелет, веројатно монах од 13 век.
Пред храмот да биде изграден од Хенри Трети во 1250-тите, областа се користела за погребување на монасите. Сакристијата 1740 година била разрушена, па преуредена во куќа.
Археолошкото наоѓалиште е едно од местата во туристичките обиколки на опатијата наречени „Скриени мигови“, што се одржуваат од јули до септември. Меѓу другите места се Ерусалимската одаја, каде што Хенри Четврти починал во 1413 година, и библиотеката којашто порано била дел од верски дом и има дабен покрив и полици за книги од 17 век. Опатијата исто така нуди настани како што се кино, театар и концерти на отворено, како и дел од тамошниот Летен фестивал.
Според сѐ, ова се напори за што поплодна туристичката сезона на ова место во Лондон.
Скот Крадок, раководител на службата за посетители на Опатијата, рече дека светилиштата со векови се во голема мера скриени од очите, и дека турите ќе им овозможат на посетителите уникатен поглед на средновековен Лондон.
Comments