top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ново урнебесно видео од Франција: Како главниот судија Брисар го „олади“ Алексис

Француската Лига 1 од неодамна експериментира со снимање на разговорите меѓу главните судии и главните актери на теренот, особено кога станува збор за ситуација која се прегледува од страна на ВАР.

Минатиот викенд во фокусот беше дербито меѓу Олимпик Лион и Марсеј кое заврши со победа на гостите во судиското продолжение (1:2), но од овој натпревар, доста вирално стана и видеото кое го објави Лига 1.

Во истото, во главна улога е главниот судија Жером Брисар, кој во дадената ситуација има за задача да ги смири страстите меѓу напаѓачот Лаказет и стоперот Балерди.

Судијата го нагласува својот авторитет и бара од двајцата да го ислушаат пред клучната фаза од мечот, а на видеото се гледа и како го „оладува“ Алексис Санчез кој се обидува да биде дел од разговорот.

– Оди си, ти не си ми потребен…, – му порачува Брисар на Чилеанецот, пред да им порача на Лаказет и Балерди дека мора да имаат верба во неговите одлуки, исто како што тој им верува на нив.


0 views

Comments


bottom of page